Најголема епидемија на „голема кашлица“ во Хрватска во последните 40 години

Фото Профимедиа

Од почетокот на годината во Хрватска се потврдени 1.047 случаи на голема кашлица, што е најголема епидемија во изминатите 40 години, откако последен пат во 1980 година се регистрирани над 1.000 случаи.

„Имаме голем пораст на бројот на заболени од голема кашлица, повеќе случаи се регистирани од пред повеќе од 40 години, изјави за Индекс Бернард Каиќ, раководител на Одделот за епидемиологија на заразни болести на Хрватскиот завод за јавно здравје.

Според податоците на HZJZ, од вкупниот број заболени оваа година, околу половина се во Загреб, а околу 40 проценти во Сплитско-Далматинската жупанија, со тоа што бројот на заразени е веројатно значително поголем, бидејќи сите болни не доаѓаат на тестирање. Засега нема потврдени смртни случаи од голема кашлица.

Каиќ смета дека причината за оваа ситуација е комбинација од неколку фактори.

„ Причините може да се падот на опфатот со вакцинација, но и на таканаречениот имунолошки долг предизвикан од пандемијата на Ковид-19. Падот на бројот на вакцинирани, сепак, само по себе не може да го објасни ваквото зголемување на бројот на пациенти. „Во популацијата отсекогаш имало такви на кои вакцината не им создавала доволна заштита, а во исто време вакцината против голема кашлица не е 100 отсто ефикасна, туку некаде помеѓу 85 и 90 отсто и со текот на времето слабее, изјави Каиќ.

Тој посочи дека возрасните не треба премногу да паничат поради големата кашлица, но мора да избегнуваат контакт со трудници и мали деца.

Големата кашлица не е сериозна болест за возрасните, освен ако не се со тешки хронични болести и сериозно нарушен имунитет. Големата кашлица е опасна за малите деца, а за возрасните е само силна и непријатна кашлица која трае долго, објасни Каиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот