Фото: ФФМ

Најдоски: „Ангеловски не е име и презиме што заслужува реакција“

По реакцијата на Новески, следен кој испрати одговор до Игор Ангеловски е Илија Најдоски.

Кој порача дека тоа што Ангеловски ги нарекол „стаорци“ повеќе зборува за него.

„Начинот на кој Ангеловски повторно се појавува во јавноста само ја зацврстува перцепцијата дека со години бил елемент кој создавал тензии околу националниот тим. Слично однесување имавме и во времето кога селектор беше Благоја Милевски, кога наместо поддршка следеа постојани притисоци, коментари и мешање. Таквиот пристап не донесе ништо добро тогаш, а уште помалку ѝ користи сега на Македонија“, истакнува Најдоски.

„Во периоди кога на репрезентацијата ѝ е неопходно единство и позитивна енергија, некој повторно избира да води лични војни и да ја нарушува атмосферата. Националниот тим е над секој поединец и така мора да остане. Нека му оди на чест што луѓето кои дале многу за македонскиот фудбал ги нарекува ‘стаорци’ – тоа повеќе говори за него, отколку за нас.“

„Искрено, не станува збор за име кое заслужува посебен осврт од моја страна, но обидите да се наметнат вакви наративи ја поминуваат секоја граница. На македонскиот фудбал не му се потребни поделби, навреди и лични комплекси, туку почит, одговорност и искрена поддршка за репрезентацијата“, порача Најдоски.

Новески му одговори на Ангеловски: Репрезентација е над секого, личните битки не носат ништо добро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот