Најдобрите македонски кошаркари во Гевгелија ќе играат против Данска и Норвешка

Македонската кошаркарска сениорска репрезентација/фото: kfsm.mk

Како што најавуваат од нашата кошаркарска федерација, следните натпревари од претквалификациите за Евробаскетот 2025 македонската сениорска репрезентација ќе ги игра во Гевгелија.

Во ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА, избраниците на селекторот Александар Јончевски ќе одиграат два натпревари против Данска и Норвешка во салата „26 Април“.

Најпрвин на 10 ноември од 19.00 часот ќе бидат домаќини на Данците, а три дена подоцна во истиот термин ќе ги пречекаме Норвежанитее.

Потсетување дека во оваа втора фаза од претквалификациите во првите две кола во август ги победивме Данска на гости со 70:73, а во Скопје бевме подобри од Словачка со 79:75.

Првопласираната селекција од групата ќе се најде директно во главните квалификации за ЕП 2025. Преостанатите селекции ќе имаат шанса во последната трета рунда од претквалификациите од каде уште четири репрезентации ќе се најдат во главните квалификации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот