Најдобриот пријател на принцезата Дијана бил еден од најголемите музичари на минатиот век!

Како што е веќе познато, принцезата Дијана поради врската со богаташот Доди Ал Фајед се разведе од сопругот, принцот Чарлс, а тоа беше една од најголемите драми на 90-те години. Сега, 23 години после нејзината смрт се дознава за уште една нејзина врска која ја имала, но за разлика од онаа со Доди оваа не била љубовна. Всушност, странските медиуми пренесуваат дека тоа бил музичарот на „Queen“, Фреди Меркјури. Тоа го открила актерката Клои Рокос во интервју за „Vanity Fair“. Таа вели дека Фреди и Дијана уживале пиејќи шампањ и исмејувајќи сапуници кои заедно ги гледале пред да тргнат да за забавуваат во геј баровите на Лондон.

Клои понекогаш знаела да се дружи со нив, па се присетила како изгледало невообичаеното пријателство на Лејди Ди и Фреди.

„Попладне Фреди, неговите пријатели и принцезата често знаеа да поминуваат време гледајќи ги „Golden Girls“, но со многу тивок звук. Тие ги импровизираа своите прилично злобни дијалози наместо актерките, пиејќи шампањ. Така се забавуваа се до вечерта, додека не заминеа на некоја забава во геј баровите“, раскажала актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот