Најчевска : Криењето на договорот со „Бехтел и Енка“ значи дека има содржина со измама
Три месеци од јавноста се крие договорот склучен помеѓу Македонија и „Бехтел и Енка“, за изградбата на коридорот 8 и 10-д. Договорот е причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата, а граѓаните можат да веруваат само на збор оти документите се чуваат во фиока. Оправдувањето на Владата е дека во него имало клаузула за тајност. Професорката по право, Мирјана Најчевска, смета дека криењето на договорот значи дека во него има некаква измама.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Сите граѓани имаат право да го видат договорот со кој се градат патишта. Секое криење на ваков договор значи дека во него е содржана таква измама која е премногу очигледна за секого. Договорите се склучуваат врз основа на постоечки закони а не се менуваат закони врз основа на склучени договори“, стои во објавата на Фејсбук на професорката Најчевска.
Во исто време, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека Владата презела обврски кон „Бехтел и Енка“ од стотици милиони евра, а се’ уште шајка не е закована.
СДСМ пак, денес соопшти дека се прави хајка насочена кон „Бехтел и Енка“, од страна на опозицијата.


