Најбрзо и најевтино јадење: Посна пита со праз готова за половина час

Фото: Профимедиа

Идеална опција за појадок, ручек или вечера е посна солена пита, а една од омилените пити на домаќинките е питата со праз и ориз.

Освен неповторливиот вкус што му го дава на секое јадење, да не ги заборавиме и корисните својства на овој необичен зеленчук. Празот содржи 13,4 отсто суви материи, 1,3 отсто протеини, 6,7 отсто шеќери, големо количество на витамини и минерални материи. Изобилува со витамин Ц, а од минерали, празот е богат со манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум. Има мала енергетска вредност, нискокалоричен е и во 100 грама праз има само 28 калории.

Благодарение на него, за вашите домашни ќе направите една од највкусните солени, сочни крцкави пити – со богат фил од ориз и праз. Кога уште топла од рерна ќе ја послужете со јогурт или со кисело млеко, нема да има дилема. Ќе ви биде јасно зошто оваа пита заслужува да биде на вашата трпеза барем еднаш месечно.

Оваа пита е евтина, вкусна и можете да го подготвите за миг… Еве еден едноставен рецепт.

Состојки:

– ½ кг тенка кора за пита
– 3 снопови праз
– 150 гр ориз
– сол
– бибер
– масло
– кисела вода

Подготовка:

Сварете го оризот во солена вода, а потоа процедете го и оставете го настрана да се излади. Внимавајте, зрната ориз да останат цели. Празот исечете го на кругови и подинстајте го на малку масло. Соединете ги празот и оризот, а потоа додадете сол и бибер по вкус.

Маслото и киселата вода ставете ги да зовријат, па потоа тргнете ги од ринглата.

Првите две кори премачкајте ги со масло и со кисела вода, третата исто така, но врз неа распоредете го филот од празот и оризот. Завиткајте ги во ролна и ставете во плех на кој претходно сте ја ставиле хартијата за печење. Направете го истото и со преостанатите кори и филот.

Ролованите питички се премачкуваат со масло и се печат во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 25-30 минути додека не поруменат.

Питата исечете ја на парчиња и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот