Најава од министерот Бочварски: Првите 20-ина километри од автопатот Кичево – Охрид во 2021 година

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски најави интензивна работа на изградба на автопатот Кичево – Охрид и очекува веќе наредната година да бидат пуштени во сообраќај првите дваесетина километри.

На денешната прес-конференција за Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2021 година, Бочварски најави дека надвор од проектите со буџетот на овој ресор во соработка со ЈП за државни патишта интензивно ќе продолжи изградбата и рехабилитацијата на патната мрежа.

– Продолжува изградбата на автопатот Скопје – Блаце. Интензивно ќе се градат експресните патишта од Штип до Радовиш, од Крупиште до Кочани, експресниот пат од Градско до Прилеп и од Ранковце до Крива Паланка. Продолжуваме со рехабилитација на преку триесетина регионални патни правци, рече Бочварски.

Во изградбата на автопатот Кичево – Охрид досега се реализирани 350 милиони евра од предвидените 600 милиони.

  • На автопатот Кичево – Охрид се завршени сите репроектирања на делницата. Сите клучки се испроектирани, косините, со ревизија на тој проект веќе имаме голем замав. Во вториот дел од годината имаме шест пати поголем прогрес на работите, заради тоа што навистина таму се случуваат обемни градежни зафати и досега имаме околу 350 милиони евра инвестиции на овој автопат од 600 милиони евра што се предвидени. Така што, можам да кажам дека ќе имаме силна динамика и во наредната година, истакна Бочварски.

Нашиот фокус во 2021 година, најави, ќе биде да се направи проектна документација според концепт што е најповолен за државата за почнување на проектирање на автопатот Прилеп – Битола и Тетово – Гостивар на постоечката траса, со оглед на  проблематичката состојба.

Од експресните патишта очекува да заврши првата фаза од делницата Штип – Радовиш, а верувам дека ќе можеме и да се стаса  да се завршиме следната година и втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш.

– За делницата Штип – Кочани првата е завршена веќе, втората има сериозен прогрес на работите. Во однос на експресниот пат од Градско кон Прилеп имаме таму асигмација или преземање на работите од една на друга компанија и тоа очекуваме да заврши до крајот на оваа година и да заврши тендерската постапка за втората делница со што очекуваме земање замав на овој пат кон Прилеп во 2021 година и тоа да го видиме во извештаите за 2021 година преку инвестициите, наведе Бочварски.

На експресниот пат Ранковце – Крива Паланка прогресот на едната делница е 40 проценти, а Бочварски очекува да се засилат автивностите во текот на 2021 година и на вториот лот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот