Нагорно Карабах: Одредбите за прекин на огнот со Азербејџан се применуваат

Мапа на Нагорно Карабах / Фото: Iryna Volina / Alamy / Alamy / Profimedia

Властите на етничките Ерменци во Нагорно Карабах денеска соопштија дека се применуваат одредбите од прекин на огнот со Азербејџан, воспоставен на 20 септември, вклучително и евакуација на ранетите и испорака на хуманитарна помош во регионалната престолнина Степанакерт.

Се работи на обновување на снабдувањето со електрична енергија, а работите треба да завршат до 24 септември, се наведува во соопштението.

Во тек се и „политички консултации“ за иднината на отцепениот регион со мнозинско ерменско население, кој Азербејџан повторно го зазеде во вторникот во 24-часовна офанзива.

Извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот