Надал загрижен пред „Ролан Гарос“: Ѓоковиќ е во право!

twitter.com/theusapost21

Организаторот треба да ја има предвид и следната година, иднината на тенисерите и нивното здравје, бидејќи многу тешки топки се опасни за рамената и лактите, вели Надал, истакнувајќи дека Новак Ѓоковиќ е во право кога вели дека не е непобедлив.

Претходните години немаше дилеми – кога станува збор за грен слем турнирот „Ролан Гарос“ (кој ќе стартува в недела), Рафаел Надал е апсолутен фаворит.

Сега сè е поинаку. Ниту „кралот на земјата“ немаше доволно турнири за да се загрее на неговата омилена подлога, ниту пак ќе биде топло во Париз, што му одговара заради поголемиот скок на топката.

Халеп со прва титула во „вечниот“ град, Плишкова го предаде мечот (ВИДЕО)

Патем, 12-кратниот шампион се жали токму на топките.

– Тренирав во Мајорка со овие топки, тие беа многу бавни и мислам дека не се погодни за на земја. Но, подготвен сум за предизвикот во Париз. Мислам дека организаторот треба да ја има предвид и следната година, иднината на тенисерите и нивното здравје, бидејќи многу тешки топки се опасни по рамената и лактите. Но, таква е сега ситуацијата, знам дека ќе играме со нив, па затоа морам да се подготвам на најдобар можен начин за овие услови – рече шпанскиот тенисер Надал.

Најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ неодамна истакна дека Надал не е непобедлив на земја, и јасно е дека тој и двојниот финалист Доминик Тим имаат најголеми шанси да го совладаат.

– Новак е во право, тој ме победи неколку пати на зејми. Победлив сум. Овие се најтешките услови за мене досега на „Ролан Гарос“, ќе се играат во екстремни услови – додаде Рафа кој на стартот ќе игра со Јегор Герасимов.

Наскоро Ѓоковиќ ќе се соочи со проблем кој го имаат сите големи шампиони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот