Надал открива дали размислува за пензија

Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Рафаел Надал за дца месеци ќе наполни 35 години, но нема намера да се пензионира во блиска иднина. Ваквите шпекулации зачестија откако пред некој ден беше објавено дека шпанскиот тенисер боледува од Милер-Вајсова болест и поради тоа му е доведена во прашање и кариерата.

Сепак, Надал им порача на фановите дека неговата најголема желба е да биде на тениските терени и да се бори за трофеите.
Сè уште не размислувам за пензија. Здрав сум и има голема желба да се натпреварувам, уживам во тенисот и тоа во овие моменти ми е најважно. Без разлика на тоа што ќе го остварите во кариерата, приоритет е да бидете добар човек и по тоа да ве паметат луѓето, а не колку трофеи сте освоиле – изјави Надал.

Шпанецот исто така истаскна дека славата не го променила и дека себе си се смета за нормална личност.
– Се обидувам да бидам нормален и славата да не влијае на мојот приватен живот. По природа сум повлечен и не сакам да се експонирам. Живеам мирен живот на Мајорка каде можам да функционирам. Нормално дека сум свесен за предностите но и маните кои ги носи славата и поради тоа повеќе време поминувам со личности кои ги знам целиот живот – додава Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот