Надал елиминиран, Зверев и Медвевев за титулата во Париз

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Александар Зверев го совлада Рафаел Надал со 2:0 во сетови 6:4 и 7:5 и се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Париз, Франција.

Противник на германскиот тенисер в недела ќе му биде Данил Медведев кој претходно во првата полуфинална битка беше подобар од Милош Раонич со 6:4 и 7:6 (4). Зверев за првпат е во финалето во Париз, а до Медведев ќе се бори за четвртата Мастерс титула.

Осум пати Шпанецот Рафа играше на овој турнир и само еднаш дојде до финалето и тоа во 2007 година. Покрај францускиот, не го освои ни Мастерсот во Мајами, како ни завршниот Мастерс – АТП финале.

На Зверев му беа потребни 100 минути за да го елиминира вториот светски рекет. Германецот во првиот сет направи еден брејк, додека на Надал не му дозволи ниту една брејк топка – 6:4.

Во вториот сет беше видена голема борба, голем број на брејк топки, но и неколку брејкови. Повторно Зверев го направи првиот брејк, поведе со 2:1, но Надал возврати во осмиот гем од вториот сет – 4:4.

Но, при резултат 5:5, Германецот и по третпат на мечот му одзема сервис на Рафа и доаѓа до 7:5. Мастерсот во францускиот главен град се игра за награден фонд од 3.901.015 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот