Надал елиминиран од турнирот во Бризбејн

Фото: EPA-EFE/JONO SEARLE

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал по низата од две победи и скоро едногодишното отсуство од терените денеска го претрпе и првиот пораз во мечот против Џордан Томспон (7:5, 6:7, 3:6).

Томпсон кој во овој момент е 55-ти тенисер на АТП листата го совлада Надал по голема борба која траеше оповеќе од три часа. Пред крајот Надал снема сили, па почна да чувствува болки, а побара и медицински тајмаут во петиот гем од решвачкиот сет.

Надал за време на прекинот на физиотерапевтот му покажуваше дека проблем е преголемиот напор поради долгото отсуство од повредата, но успеа да се врати и да ги освои сите поени на свој сервис во следниот гем, сепак тоа не беше доволно за победа.

Треба да се каже и дека Надал пропушти три меч топки во вториот сет кој Австралиецот го доби во драматичен тајбрејк, а потоа во третиот му дозволи на Шпанецот само три гема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот