Над две третини од Русите се со просечен приход од 308 евра

Руски рубли, Фото: Архива

Според истражувањето, еден од петмина Руси пријавил „значително” намалување на приходите за време на пандемијата, а еден од десет целосно ги загубил приходите.

Просечниот месечен приход на повеќе од 70 отсто од Русите не надминува 25 илјади рубљи (околу 308 евра), додека 45 отсто од граѓаните имаат приход од 15 илјади рубљи (188 евра), се наведува во заедничката студија спроведена од осигурителната компанија „Росгосстрах” и Центарот за наука и технологија „Перспектива”, спроведена во јуни.

Повеќето жители со приход од 15-25 илјади рубљи се во регионот Хабаровск (50 отсто), Москва (43,8 отсто) и Белгород (41,7 отсто).

Според истражувањето, еден од петмина Руси пријавил „значително” намалување на приходите за време на пандемијата, а еден од десет целосно ги загубил приходите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот