Над австралиската престолнина Канбера се појави токсичен облак од чад

Токсичен облак од чад, создаден поради шумските пожари кои го зафатија источниот дел на Австралија, се шири над главниот град Канбера.

Пожарникарите се уште се борат со над 140 пожари, кои на почетокот од следната недела би можеле да се прошират поради зголемен топол бран.

Источниот дел на Австралија веќе три месеци е зафатена од катастрофални пожари, кои според експертите се резултат на долгата суша и глобалното затоплување.

Жителите на Канбера утрово се разбудија во задушлива магла. Неодамна, најголемиот град во земјата, Сиднеј, се соочи неколку недели со слична појава.

Властите соопштија дека поволните временски услови им дозволиле да изгаснат неколку пожари, пред прогнозите дека од вторник натаму повторно ќе има појава на силни ветрови и високи температури. Најголемиот пожар зафати површина од 250.000 хектари во близина на Сиднеј.

Повеќе од 700 куќи се уништени во огнената стихија, а шест лица загинаа од септември досега, кога избувнаа пожарите. Површината на уништените области оваа година е многу поголема отколку во претходните години. Огнот веќе уништи најмалку два милиона хектари, колку половина од територијата на Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот