Фото: Профимедиа

Над 8.000 деца во Црна Гора не примиле ММР вакцина

Повеќе од 8.000 деца на возраст меѓу три и пет години во Црна Гора не примиле вакцина против ММР (морбили, рубеола и заушки), покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје во Подгорица.

Родителите на секое трето дете, на возраст од три години, се уште одбиваат да ги вакцинираат против сипаници, заушки и рубеола, бидејќи не му веруваат на тој имунолошки лек, иако здравствените работници предупредуваат дека тоа може да предизвика развој на опасни мали сипаници.

Директорот на Здравствениот дом во Подгорица Небојша Кавариќ изјави дека секое трето дете родено во 2016 година не било вакцинирано, додека кај децата постари од една и две години, покриеноста е 85 и 90,3 проценти.

– За да бидат заштитени сите деца, треба да се вакцинираат над 95 отсто од детската популација. ММР се дава по првата година од животот и пред запишувањето во основно училиште. Вакцинацијата е најдобрата и најефикасната форма на здравствената заштита – посочи Кавариќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот