Над 200 илјади граѓани во Франција се пријавиле да им помогнат на земјоделците
Затворените граници го запреа приливот на сезонски работници што пак ги доведе земјоделците во безизлезна ситуација од недостиг на работна сила.
Откако пред еден месец министерот за земјоделство во Франција Дидиер Гиом повика населението да се мобилизира со цел да им се помогне на земјоделците и сточарите со работна сила, населението во земјата пројави огромен интерес. Дури 200 илјади лица одговориле на повикот.
Препорачано
Ваквиот повик дојде откако беа затворени границите во земјата, а со тоа запре и приливот на сезонски работници во земјата.
– Имаме повеќе од 200.000 кандидати и 5.000 организатори на работата. Ние нема да ги натераме овие луѓе да ја преминат земјата, тие ќе работат близу до своите домови, близу до земјоделците, но и во секторите храна, транспорт и логистика. Многу е важно тие продукти да стигнат до местото каде ќе бидат продадени, рече Гијом за телевизијата Франс 2.
Како што е посочено, неопходни се работници за берба на аспарагус, јагоди, домати и други рани сезонски производи.
Гијом рече дека итно треба да се овозможи непречено функционирање на дистрибуцијата на храна во Франција, предупредувајќи дека во случај на проблем „нема да има доволно за да ги нахраниме нашите граѓани”.
Тој исто така ги повика жителите да се хранат со локални производи.


