Национален сојуз на слепи до Владата: Редно време е да се исполни ветувањето за 15 отсто зголемување на додатоците за попреченост

Фото: mia.mk

Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија му се придружува на остатокот од светот и организациите во Македонија на 3 декември во одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост низ инклузивна попреченост, пристапно општество и одржлив пост-ковид свет.

За првпат овој ден беше прокламиран во 1992 година од Собранието на Обединетите Нации (ОН). Целта е да се промовираат правата на лицата со попреченост и добросостојбата на лицата со попреченост и да се обрне внимание за нивната ситуација во секој аспект на политичкиот, економскиот и културниот живот.

– Како што се соочувавме ние, но и целиот свет со ефектите на ковид-19 пандемијата, многу одлуки на политичарите ги засегнаа и лицата со попреченост. Ковид 19 доведе до значајни нееднаквости во општеството. Лицата со попреченост и лицата со понизок економски статус се тие кои се најмногу погодени од пандемијата, се наведува во соопштението на Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија од каде потсетуваат на нивната присутност воп секојдневието и нагласуваат оти е редно време за менување на општествената свест и на лицата со попреченост да се гледа со други очи.

– Упатуваме апел дека лицата со потполно оштетен вид живеат во свое карантинско секојдневие постојано. Подвлекуваме дека доколку во иднина има карантини и полициски час, согласно одредбите со кои на лицата со попреченост им беше дозволено движење за време на полициски час, дека треба да се размислува во насока да се дозволи на лица кои се грижат за нив или им нудат услуга на персонална асистенција да можат да ги земат да ги прошетаат. Бидејќи во спротивен случај имавме стотици потполно слепи лица кои живеат сами, имаат персонален асистент, но истиот во полициски час не може да отиде да ги земе да ги прошета бидејќи дозволата за движење во полициски час важи само за лицето со попреченост. Ова се однесува стриктно на лицата со попреченост кои живеат сами и кои некој треба да дојде да ги земе за да ги прошета,едноставно тој некој немаше дозвола како практичен пример од секојдневието, апелираат од Националниот сојуз на слепи лица.

Од таму апелираат до Владата на РСМ дека е време за реализација на ветувањата.

– Ветивте во предизборието 15 отсто покачување на додатоците за попреченост од јануари 2020 година, истото беше предвидено и со Програмата на Владата, а го најави и Министерката за труд и социјална политика на РСМ. Редно време е ветувањето да стане нова реалност во која ќе живеат лицата со попреченост. Самите сме свесни дека коронавирусо ни наметна нова реалност на живеење, зголемени трошоци за живеење, но тие трошоци полесно се пребродуваат со зголемени 15% додатоци за попреченост. Време е за ветувањата да станат дела со кои ќе живееме. Редно време е делата да ни го олеснат животот со предизвици, а не само надежта за подобра иднина, се вели во дописот на Националниот сојуз на слепи лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот