Нацрт-предлогот на Статутот на ЗСО на Рама стигна до германската влада

Еди Рама/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Нацрт-предлогот за Статутот на Заедницата на српските општини на албанскиот премиер Еди Рама стигна до германската влада, беше потврдено за Косово онлајн.
Владата во Берлин, сепак, не сакаше да ја коментира самата содржина на тој предлог.

„Можеме да го потврдиме приемот на таков документ. Бараме разбирање дека не сакаме да коментираме за доверливата содржина“, изјави портпаролот на германската влада.

Рама вчера објави дека на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц им испратил предлог за нацрт-статутот на Заедницата на српските општини, додавајќи дека не ја разбира неподготвеноста на косовските власти да ја деескалираат ситуацијата на северот. која „забива размери на политичка трагедија за Косово“.

Инаку, Менаџерскиот тим за ЗСО, кој е овластен со Бриселскиот договор да го подготви Статутот на ЗСО, го претстави својот предлог за време на последната рунда од дијалогот на највисоко ниво во Брисел.

Тој предлог, сепак, не беше одобрен од косовската влада и премиерот Албин Курти, кој само еден ден подоцна го распушти Менаџерскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот