Плакат за концертот на Националниот џез-оркестар во Струмица

Националниот џез-оркестар за првпат ќе настапи во Струмица

Во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, на 4 јуни, со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на Националниот џез-оркестар, со кој ќе биде отворено првото издание на „Џез стрим фестивал“ (Jazz STReam Festival).

Ова ќе биде прво гостување на Националниот џез-оркестар во Струмица и почеток на „Џез стрим фестивал“ – нов фестивал што ќе донесе квалитетна џез-програма и свежа музичка енергија во градот.

Публиката ќе има можност да ужива во моќниот звук на биг-бенд оркестарот во живо со програма што ги спојува традицијата на џезот и современиот музички израз под диригентство на маестро Џијан Емин.

Програмата на првото издание на „Џез стрим фестивал“ ќе се реализира од 4 до 7 јуни и носи свежа енергија, врвни музичари и современ џез-звук на сцената во Струмица. Планирани се концерти, промоции на книга и албум, џез-сесии.

На 5 јуни во камерната сала на Центарот за култура „Антон Панов“ ќе настапат Гоце Стевковски квинтет и Тони Китановски трио, на 6 јуни ќе се одржат концертите на Алиќ, Гошиќ, Ангелов и Јаневски квартет и на групата „Трансверз“, додека на 7 јуни на фестивалот ќе настапат „Летечки пекинезери“ и „Хот џез оркестра“ придружени со Пијан Славеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот