На третото издание на поетската манифестација „Валандовско поетикување“ ќе настапат десетина поети

Плакат за настанот во Валандово

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во соработка со Општина Валандово, на 20 декември 2023 година (среда), во 19.30 часот, во Домот на културата „25 Mај“ во Валандово ќе го организираат третото издание на книжевната манифестација „Валандовско поетикување“.

На поетското читање планирано е да настапат десетмина реномирани поети и автори од Струмица, Валандово и регионот, познати на книжевната јавност. Најавен е настап и на поетот Петрос Голицис од Грција.

– Од исклучителна важност се ваквите книжевни манифестации кои се одговор на стратегиите за децентрализација на културата, а се реализираат со цел подигање на духот на граѓаните, нивно позитивно анимирање и оттргнување од секојдневните проблеми со кои секој од нас се соочува – велат организаторите на манифестацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот