На Трамп ќе му се суди за случајот со доверливите документи

Трамп / ЕПА

Поранешниот претседател Доналд Трамп ќе оди на судење за погрешно управување со доверливи документи на пролет следната година, одлучи судот, пренесува BBC.

Судијата Ајлин Кенон го закажа судкиот процес за 20-ти мај 2024.  Трамп инсистираше судењето да се одржи по изборите во ноември 2024 година, а обвинителите сакаа процесот да почне оваа година.

Трамп (77) се соочува со сериозни обвиненија за складирање на доверливи досиеја во неговиот дом во Флорида. Обвинителите велат дека нелегално чувал тајни документи во својот имот.

Поранешниот претседател се изјасни за невин, посочувајќи дека судскиот процес е обид на властите да ја уништат неговата изборна кампања.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот