Запленетите папагали - Фотографија Царинска управа

На Табановце спречен шверц на 47 папагали

Вкупно 47 папагали се запленети откако српски државјанин сакал без да ги пријави да ги внесе во државава, соопштија денеска од Царинската управа.

Иако српскиот државјанин на граничниот премин Табановце изјавил дека нема ништо за пријавување, царински службеници се посомневале и при детален преглед на возилото во багажникот пронашле кафези со папагали.

Против лицето е поднесена соодветна пријава, а надлежноста за запленетата стока, во случајов живи птици, е предадена на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде што се соодветно згрижени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот