На Софија Вергара и недостига сонцето и плажата: Убавицата се присети на Миконос! (ФОТО)

Instagram
Фото: Инстаграм

Американската актерка со потекло од Колумбија, Софиа Вергара (47) се потсети на сончевите денови и на морето, па објави секси фотографија од грчкиот остров Миконос и со тоа предизвика воодушевување кај своите обожаватели.

Имено, најплатената тв-актерка на светот за 2019 година позирала во бел костим за капење, во кој ги истакна своите бујни гради и затегнати раце, а исто така може да се забележи дека и нејзиниот стомак е рамен.

Софија нема многу шминка, туку има само кармин во боја на кожа и алки на ушите.

Како и секогаш, таа собра голем број на лајкови, па така на оваа објава има 500.000 лајкови, а на Инстаграм ја следат 19,2 милиони следбеници.

Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, не престанува да ги воодушевува своите обожаватели со фантастичниот изглед. Многу луѓе веќе со години ја фалат нејзината витка фигура, а таа во една прилика откри како се одржува.

– Не премногу храна, не премногу вежбање. Се треба да е умерено – рекла таа.

Погледнете ја:

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот