Фото: Ски-центар Попова Шапка

На Шапка има снежна покривка од 25 сантиметри

Утрово најстудено беше во Маврови Анови каде беа измерени три степени. На Попова Шапка температурата беше 4 степени, во Крива Паланка 5, Берово 6, Лазарополе, Kрушево 7, Скопје-Петровец, Кавадарци 8, Охрид, Куманово, Прилеп, Виница, Струмица 9, Претор, Тетово, Битола 10 Велес, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија 11, соопшти УХМР.

На Попова Шапка има и снежна покривка од 25 см.

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје не очекува сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 20 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот