На Шакира ѝ се заканува судење и затвор поради затајување данок во Шпанија

шакира
Instagram

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира може да се најде на обвинителна клупа откако шпанското обвинителство одлучи дека гледа „доволно индиции“ за да се суди популарната пејачка поради затајување данок, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Шакира откри дека „никогаш не е задоволна од сопствените песни“

Државното обвинителство на Барселона ја обвини 44-годишната пејачка дека не платила вкупно 14,5 милиони евра данок во Шпанија во периодот од 2012 до 2014 година. Пејачката, пак, ги негира овие обвиненија.

Доколку не се постигне вонсудска спогодба, Шакира може да заврши на обвинителна клупа и во затвор, објави во четвртокот „La Vanguardia“.

Каде била Шакира и зошто не платила данок во споменатиот период? Државното правобранителство тврди дека пејачката живеела во Шпанија повеќе од 183 дена во трите спорни години, па затоа смета дека требало да плати данок на својот вкупен приход во Шпанија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Шакира, пак, посочува дека од 2012 до 2014 година била даночен обврзник на Бахамите, а не на Шпанија, и дека само повремено патувала во Шпанија.

Шакира веќе десет години е во врска со фудбалерот на Барселона, Герар Пике и има две деца. Шакира тврди дека официјално живее во Шпанија од 2015 година.

Видео на денот