Десничари со руски знамиња на протест во Белград / Фото: EPA

На протест за поддршка на Украина во Белград се појавија и десничари со руски знамиња

На четвртата годишнина од војната во Украина, синоќа на плоштадот на Републиката во Белград се одржа антивоен протест организиран од Руси и Украинци кои живеат во Србија и се против војната. На собирот се појавија и членови на крајно десничарската организација „Народни патроли“, која ја поддржува руската инвазија, пренесе Н1.

Учесниците на антивоениот протест, на кој учествуваа Украинци, Руси, Белоруси и Срби, се собраа пред Националниот театар носејќи украински знамиња. Главните пораки на собирот беа „Не на војната во Украина“ и „Русија без Путин“, а толпата скандираше „НЕ на војната“.

Во исто време, на плоштадот имаше и членови на „Народни патроли“, кои беа од другата страна на полицискиот кордон и извикуваа проруски слогани и носеа руски знамиња со воената ознака „Z“.

Два полициски кордони во опрема за немири ги разделија двете групи. Полицијата го легитимираше водачот на „Народни патроли“.

За време на собирот, како што пренесуваат српските медиуми, имало вербални конфликти, каде што учесниците на антивоениот протест им викале на членовите на десничарската група дека се „фашисти“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот