На прелиминарната листа за распределба на социјални станови во Гевгелија се најдоа 32 семејства

Фото: Министерство за транспорт и врски

На прелиминарната листа за распределба на социјални станови во Гевгелија се најдоа 32 семејства.

Право на пријавување имаа деца без родители и родителска грижа со навршени 18 години кои до исполнување на полнолетство биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на загарантирана минимлана помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, социјално загрозени лица, припадници на ромска заедница и самохрани родители со малолетни деца.

Во Народниот театар во Гевгелија по електронски пат денеска беше извршена прелиминарна јавна распределба на становите во социјалната зграда во Гевгелија на која присуствуваше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Особено ми е драго кога политиките кои ги водиме носат резултати и ова е пример за нашата вистинска грижа, за обезбедување на хумани услови и достоинствен живот за граѓаните на кои тоа има е најпотребно. Би сакал да напоменам дека од пријавените семејства 32 се најдоа на прелиминарната листа и да потенцирам дека денешната распределба е само прелиминарна и не е конечна, изјави Бочварски по завршувањето на распределбата.

Во текот на наредните денови комисија од Министерството ќе изврши увид кај семејствата, а потоа ќе биде утврдена и конечната листа.

Како Влада, додаде, остануваме целосно посветени на обезбедување на похумани услови за живот на најранливите категории граѓани.

Грижата за социјалните семејства е приоритет на Владата и тоа за нас нема алтернатива. Продолжува нашата силна и континуирана поддршка на најранливите категории граѓани во државата. Преку проектот за изградба и одржување на социјални станови досега изградивме или во фаза на изградба се над 864 социјални станови низ целата земја, рече Бочварски.

Најави дека ќе следи и прелиминарна распределба и на социјалната зграда во Демир Капија и дека привршува изградбата на социјалната зграда во Неготино, во Велес, а континуирано течат изградбите и на зградите во општина Бутел, во Дебар и Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот