На познат американски пејач му е дијагностицирана ретка болест: Повторно учам да одам

Американскиот пејач Суфјан Стивенс откри дека повторно учи да оди, откако му бил дијагностициран Гијен-Бареов синдром, ретко невролошко нарушување во кое имунолошкиот систем ги напаѓа нервните клетки, пишува „Си-ен-ен“.
Музичарот напиша дека за време на неговата хоспитализација поминал две недели на медицинско-хируршкото одделение, каде што бил подложен на петдневна програма за лекување и примал инфузии на имуноглобулин за да се спречи болеста да се „прошири во белите дробови, срцето и мозокот“.
„Минатиот месец се разбудив едно утро и не можев да одам. Рацете и нозете ми беа вкочанети и немав сила, чувство, мобилност“, напишала Стивенс на својот блог, додавајќи дека дијагнозата ја дознал по серија тестови во болницата.
Тешките случаи на Гијен-Бареов синдром може да предизвикаат мускулна слабост што доведува до парализа, потенцијално попречувајќи го дишењето и крвниот притисок или отчукувањата на срцето.
Во случајот на Стивенс, закрепнувањето е на повидок бидејќи тој започнува „интензивна физикална терапија, градење сила, за да го врати своето тело во форма и да научи повторно да оди“.
„Моите лекари направија се за да ме одржат во живот и да ја стабилизираат мојата состојба. Им го должам животот“, додал тој.
Стивенс е познат инди-пејач кој беше номиниран за Оскар во 2018 година, за оригиналната песна „Mystery of Love“ од филмот „Call Me By Your Name“. Тој го подготвуваше својот десетти студиски албум „Javelin“, кој ќе излезе на 6 октомври, пред да заврши во болница.