НА ПОТЕГ Е ИНТЕР: Се „крчка“ најголемиот трансфер во историјата на Бразил

twitter.com/Brasileirao

Од Топ најголеми купувања во историјата на бразилскиот фудбал, дури три биле дело на Фламенго. Се очекува да биде надминат рекордот на Алешандре Пато кој од Милан се пресели во Коринтијанс.

Најпопуларниот бразилски клуб Фламенго минатата зима го надмина клупскиот трансфер рекорд кога за уругвајскиот играч за врска Џорџијан де Араскаета плати 13 милиони евра и го реализираше третиот најголем трансфер во историјата на тамошниот фудбал.

Да потсетиме, рекордот го држи доаѓањето на Алешандре Пато кој од Милан се пресели во Коринтијанс за 15 милиони евра пред шест и пол години. А сега се подготвува убедливо најголемиот трансфер кога се во прашање купувањата на бразилските фудбалери. И повторно понудата е испратена во Милано. Овојпат купувач е Фламенго, а продавач Интер.

Великанот од „Маракана“ им нуди „неро-аѕурите“ 26 милиони евра за бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса или подобро познат како Габигол (23).

Тој е на позајмица од Интер во Фламенго до крајот на годината кога завршува сезона во Бразич. Годинава за Габигол во шампионатот има 19 голови од 19 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот