На плоштадот во Скопје презентација на воената опрема од вежбата „Одлучен удар 19“

Фото: МИА

Кај Портата на главниот плоштад во центарот на Скопје, вечер од 18:00 до 21:00 часот, граѓаните ќе имаат можност да проследат презентација на возила, вооружување и опрема која се употребува на воената вежба „Одлучен удар 19″.

На презентација ќе присуствува министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вршителката на должност, амбасадор на САД, Микаела Швајцер-Блум, командантот на здружено оперативната команда генерал-мајор Павле Арсовски, претставници од градот Скопје, Министерството за одбрана, Армијата и Амбасадата на САД.

Присутните ќе имаат можност преку директна комуникација со учесниците на вежбата поблиску да се запознаат со борбените возила, вооружување и опремата, кои се употребуваат на оваа досега најголема воена вежба организирана кај нас.

„Одлучен удар” е досега е најголема вежба реализирана во Република Северна Македонија во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на шест држави.

Вежбата која се изведува во период од 5-ти јуни до 8-ми јули година на армискиот полигон „Криволак” има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на армијата, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот