На Оливија Мун ѝ е дијагностициран рак на дојка: Актерката подложена на двојна мастектомија
Познатата актерка Оливија Мун (43) откри дека ѝ е дијагностициран рак на дојка. Веста за својата здравствена состојба ја сподели во објава на инстаграм-профилот, како порака до оние што се соочуваат со истата ситуација, за да најдат утеха, инспирација и поддршка на сопственото патување.
Препорачано
„Немаше да го откријам мојот рак уште една година – на мојот следен закажан мамограф – но, мојата докторка Таис Алиабади, реши да го пресмета мојот резултат за проценка на ризикот од рак на дојка. Факт е дека таа навистина ми го спаси животот“, напиша Мун во објавата.

„Др. Алиабади ги разгледа факторите како мојата возраст, семејната историја на рак на дојка и фактот дека го родив првото дете по 30-годишна возраст. Таа откри дека мојот животен ризик е на 37 отсто. Поради тој резултат ме испратија да направам магнетна резонанца, што доведе до ултразвук, што потоа доведе до биопсија. Биопсијата покажа дека имам луминал Б рак на двете дојки. Луминал Б е агресивен рак кој брзо се движи“, објасни Мун.

Актерката понатаму во објавата откри дека имала и двојна мастектомија 30 дена по нејзината биопсија.
„Еден ден се чувствував целосно добро, а следниот ден се разбудив во болнички кревет по 10-часовна операција. Имам среќа. Го фативме со доволно време додека имав опции. Го сакам истото за секоја жена која можеби ќе треба да се соочи со ова еден ден. Побарајте од вашиот лекар да го пресмета вашиот резултат за проценка на ризикот од рак на дојка. Д-р. Алиабади вели дека ако бројот е поголем од 20 отрсто, потребни ви се годишни мамографи и магнетна резонанца на дојка почнувајќи од 30-годишна возраст“, додала таа.

Мун вели дека е благодарна на пријателите и семејството што ја сакаат и поддржуваат низ овој процес. Како и на нејзиниот партнер Џон Мулани за ноќите што ги поминал истражувајќи што значи секоја операција и лекови и какви несакани ефекти и закрепнување би можела да очекува.

Професионалната кариера на Мун започна на гејмерската мрежа Џи4, каде што беше водителка на „Атак д шоу“ речиси четири години. Таа потоа беше дел од „Дејли шоу со Џон Стјуарт“ како дописник една година, а потоа почна да глуми во филмови и телевизиски серии, вклучувајќи ја и драмската серија на Арон Соркин „Редакција“. Нејзините филмски заслуги ги вклучуваат и филмовите „Магичен Мајк“, „Предатор“, „Божиќна забава во канцеларија“ и „Икс-мен: Апокалипса“.



