На обиколницата кај Македонски Брод отстранет голем одрон од камења

Одрон од камења, зимски услови на пат
Одрон од камења, зимски услови на пат / Фото: МИА

Високата влага на теренот придонесе на обиколницата кај Македонски Брод да има голем одрон од камења, меѓу кои и камена громада потешка од еден тон. По интервенција од страна на локалната самоуправа со градежна машина, овие камења се отстранети од коловозот и сообраќајот се одвива непречено во обата правци.

-Како и пред две недели кога имавме поинтензивни врнежи од дожд, така и утринава, се случи голем одрон на камен на обиколницата кај Македонски Брод. Бидејќи се работеше за огромен камен беше неопходно да се вклучи механизација за истиот, како и сите поситни камења да се отстранат од коловозот  и да се нормализира сообраќајот на овој дел од патот, рече градоначалникот Жарко Ристески.

Тој посочи дека повеќето патни правци во општината се проодни, а до дел од повисоките селски населби се стасува со теренско возило.

За побезбедно одвивање на сообраќајот Ристески апелираше до сите возачи учесници во сообраќајот кога поминуваат на патиштата и кои се потенцијално опасни поради свлечишта или одрони, да возат претпазливо и со намалена брзина.

-Снегот кој од утринава врне во нашиот регион не создаде посериозни проблеми во одвивањето на сообраќајот, со исклучок на горе наведениот одрон на камења. Во текот на претпладнето исчистени се патиштата кон повисоките села во дел од Поречието и тоа Горно и Долно Крушје и Црешнево. Во текот на утрешното претпладне ќе ги исчистиме патиштата во делот на Самоков до кои се стасува со теренско возило, додава Ристески.

На обиколницата кај Македонски Брод отстранет голем одрон од камења

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот