Фото: macedonia-timeless.com

Спасувачка мисија на Кожув со хепиенд: Пронајдени двајцата гевгеличани кои се загубија во планината

Двајцата гевгеличани кои се загубија попладнево при планинска прошетка на Кожув се пронајдени и се наоѓаат во добра состојба, информираат членови на нивните семејства. Откако паднал мрак, тие ја загубиле рутата по која се движеле, но, за среќа, биле лоцирани по неколкучасовната потрага во која учествуваа припадници на полицијата, на шумската полиција и ловџии кои добро ја познаваат и месноста Круша и планината Кожув.

На Кожув попладнево се загубија двајца гевгеличани на возраст од околу 70 години. Алармот за нив го вклучил синот на еден од нив кој пријавил во полиција, откако при последниот контакт околу 17 часот му рекол дека заедно со пријатело се загубени во месноста Круша.

Од тој момент, телефонот на неговиот татко бил недостапен за што се претпоставуваше со две причини – празна батерија или лоша мрежна покриеност на подрачјето. Меѓутоа, за среќа, спасувачката потрага по двајцата гевгеличани заврши успешно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот