На која температура ја перете долната облека? Со две едноставни правила спречете го растот на бактериите
Температурата на која се пере долната облека е од исклучителна важност бидејќи ако тоа не го правите правилно, ризикувате да го загрозите вашето здравје.
Препорачано
Сите знаеме колку е важно да се грижиме за хигиената на долната облека, но има и луѓе кои не ја знаат минималната температура на која треба да се перат за да бидат безбедни по здравјето.
Експертите за хигиена ја открија шокантната вистина за лошите навики за перење кои предизвикуваат многумина да не ги отстранат сите бактерии од долната облека. Она што е најважно при перењето на долната облека е температурата на водата што ја користите.
„Температура под 60 степени нема да ги убие бактериите од вашата долна облека. Никогаш не мешајте долна облека и крпи за садови бидејќи може да завршите со дополнителна контаминација на вашата долна облека, а тоа секако не го сакате“, велат експертите.
Значи, ако до сега сте ја переле долната облека на 30 или 40 степени или сте ја ставиле заедно со останатиот дел од гардеробата, веројатно долната облека не ви е чиста дури и по миењето. Обрнете внимание на ова бидејќи можете да носите бактерии кои можат да предизвикаат инфекции на уринарниот тракт или други здравствени проблеми.


