Фото: МЗ

На Клиниката за ендокринологија се отвори Центар за справување и третман со обезноста

Обезноста е сериозен светски здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас, вели министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за справување и третман на обезност на Универзитетската Клиника за ендокринологија.

Потребно е да постои еден ваков интегриран центар во кој ќе се упатуваат овие пациенти за третман. Токму поради тоа и ние во нашата земја ќе имаме референтен центар за дијагностицирање и третирање на дебелината, вели Меџити.

На Клиниката, како што рече, има едуцирани ендокринолози кои секојдневно ќе работат со оваа проблематика.

Едукација за здрави хигиено-диететски навики е потрребна од најрана возраст, во градинките, основните и средните училишта. Многу е важно да се отстрани стигмата за овие лица за да можта и самите тие да ја прифатат болеста и успешно да се справуваат со сите предизвици кои ги носи третманот, нагласи министерот за здравство. Тој изрази благодарност до фармацевтската компанија „Ново Нордиск“ за оваа значајна поддршка.

Фото: МЗ

Директорот на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот Арѓент Муча нагласи дека овој Центар е особено значаен за пациентите, за лицата кои живеат со овој проблем кој, како што рече, од ден на ден се повеќе расте. Информира дека во Центарот ќе работи и дипломиран нутриционист кој ќе им помага на пацитетите во однос на едукација и совети за физичка активност.

Муча соопшти дека во Центарот ќе се третираат пациентите, ќе се прави скрининг и за други коморбидитети и ризик фактори, ќе се обезбеди соодветен фармаколошки третман кај овие пациенти ако тоа биде потребно.

Претседателот на Здружението за обезност (здебеленост) Ирфан Ахмети изјави дека ова е втор центар за менаџирање на дебелината, кој ќе биде регистриран и во Европската асоцијација за дебелина, каде се носат значајни препораки, одлуки за тоа како понатаму ќе се одвива стратегијата во менаџирање на обезноста.

Фото: МЗ

Обезноста зазема пандемиски размери во цел свест. И кај нас дебелината е во голем обем. Загрижувачки е дека обезноста исто така расте и кај млади, адолесценти…, рече Ахмети.Тој информира дека по отворањето на првиот центар од ваков тип и по прегледани околу 400 пациенти, просекот на возраст на обезни (здебелени) лица од категорија од трета класа на обезност е 40 години. Нагласи дека обезноста е посебен проблем поради тоа што е причинител за многу заболувања, како ендокрини, така и кардиоваскуларни, како и од психолошки аспект.

Ахмети потенцира дека е многу важно на време да се третираат ваквите пациенти и со добра здравствена политика, како што рече, да инвестираме во третманот на обезноста со цел да спречиме вакви компликации. Нагласи дека ќе се направи и регистар за лицата со обезност, кои понатаму ќе се следат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот