На Кипар целосно вакцинирано 37,9 отсто од населението

Кипар/ Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU

Во Република Кипар, 57,6 отсто од населението примило една доза од вакцината, а 37,9 проценти се целосно вацинирани, според официјалните податоци од Министерството за здравство, од каде што соопштуваат дека се приближуваат до целта, до крајот на јуни да постигнат имунизациска покриеност од 65 отсто, јави допсисничката на МИА од Атина.

Додаваат дека во земјата веќе се видливи позитивните резултати од процесот на имунизација, со оглед на тоа дека е подобрена епидемиолошката слика, но намален е и бројот на хоспитализирани пациенти.

Од почетокот на пандемијата, Кипар има регистрирано 72.996 случаи на Ковид-19, а починаа 367 лица. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот