На „Качанички пат“ повреден мотоциклист

Фото: МИА

Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во градската општа болница „8 Септември“

Четириесет и седумгодишниот С.М. од Скопје е тешко повреден откако управувајќи мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Несреќата, информираат денес од полицијата, се случила на „Качанички пат“.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот