На интернационалниот музички фестивал „Скупи камерфест“ ќе настапат гости од соседството

Во рамките на четвртото издание на Интернационалниот фестивал на класична камерна музика „Скупи камерфест“ на 20 септември во малата сала на Националната филхармонија ќе се одржи концертот со наслов „Балкан арт стејџ“.

На концертот ќе бидат изведени дела од композиторите Франц Шуберт – Пијано квинтет во А-Дур, Д. 667, „Пастрмка“, и Чајковски – Сувенир од Фиренца, оп. 70, а ќе настапат Сихана Бадивуку – виолина, Владимир Марковиќ – виолина (Република Србија), Марко Поп Ристов – виолина, Милтиадис Касарас – виолончело (Република Грција), Марио Гуралуми – виолончело (Република Албанија), Блерим Груби – виола, Стефанија Јанкова – виола (Република Бугарија), Фраим Гаши – виолончело (Република Косово) и Дино Имери – пијано.

– Во ова невреме предизвикано од пандемијата на коронавирусот сакаме преку звукот на музиката и популарните дела од Шуберт и Чајковски да ја ублажиме општата човекова состојба. Како домаќини се одлучивме на концертот да поканиме музичари од нашиот комшилак, односно од петте држави што нѐ опкружуваат и ќе гостуваат музички уметници од Белград, Софија, Солун, Приштина и Тирана – објасни уметничкиот раководител на фестивалот, проф. Блерим Груби.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 97, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 18-19 септември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот