Протест за дислокација на УСЈЕ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

ФОТО | „Станете граѓани, ни ги трујат децата“: Граѓаните протестираа за затворање на цементарницата

Со паролата „Профит за Усје, болест за народот” денеска точно напладне од пред Владата започна протестниот марш во организација на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“.

„На хартија бело, во дробови црно“, „Дишеме отров“, „Воздухот не е луксуз, туку наше право“, „Станете граѓани, ни ги трујат децата“, беа дел од пораките испишани на транспарентите што граѓаните денеска ги носеа на протестот против загадувањето на цементарницата.

Протест за дислокација на УСЈЕ /  Фото:Слободен печат – Драган Митрески

Учесниците на протестот повторно побараа затворање на цементарницата „Усје“, посочувајќи дека економскиот профит не смее да биде над здравјето на граѓаните.

Тие сметаат дека институциите имаат одговорност кон граѓаните и дека барањата за заштита на здравјето и животната средина мора да добијат конкретен институционален одговор.

Протест за дислокација на УСЈЕ / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Од „Стоп за Усје“ бараат поставување независни мерни станици што ќе овозможат 24-часовен мониторинг на квалитетот на воздухот.

„Сè додека тоа не се реализира, не веруваме на тврдењата дека фабриката не придонесува за загадувањето“, велат организаторите.

Протестот продолжи пред Собранието и заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање.

Протест за дислокација на УСЈЕ / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, непосредно пред да започне протестот, рече дека институциите работат на сите можни начини за да им се обезбеди на граѓаните поздрава и почиста средина, потенцирајќи дека граѓанските реакции и протести се составен дел од демократското општество.

„За денешните протести многупати сум кажал дека секој има право да го изнесе своето незадоволство преку протест. Ние како Влада правиме сѐ за граѓаните да имаат здрава и чиста животна средина. Тоа што со децении ништо не е правено – немам што да кажам“, изјави денеска Мицкоски.

Протест за дислокација на УСЈЕ / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

 

ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА | „Профит за Усје, болест за народот“: Граѓанска блокада на Цементарница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот