На годишнината од смртта на кралицата Елизабета свештеник откри како ги поминала последните денови од животот

Кралицата Елизабета
Кралицата Елизабета II / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Денеска, 8 септември, се навршува една година од смртта на британската кралица Елизабета Втора.

На првата годишнина од нејзината смрт, високиот црковен службеник кој бил со неа во Балморал во последните денови пред да почине, откри дека таа го дочекала крајот мирно, без каење, размислувајќи за својата вера и нејзиниот татко, Џорџ VI, пишува „Дејли меил„ (Daily Mail).

Како што налагала традицијата, свештеникот д-р Иен Гриншилдс, тогашен модератор на Генералното собрание на црквата на Шкотска, поминал неколку дена во замокот, минатото лето како гостин на кралицата Елизабета Втора. Тој изјавил дека дека кралицата била кревка, но ментално силна, за што сведочат разговорите со неа.

Гробот на кралицата Елизабета Втора/ Фото Jane Barlow / AFP / Profimedia

“Тоа беше нејзиниот платинест јубилеј и затоа се навраќаше наназад. Имаше неверојатна меморија. Таа не се каеше и беше многу мирна. Зборуваше за нејзиниот татко Џорџ VI и големото влијание што неговата вера го имаше врз неа”, изјавил д-р Гриншилдс.

Тој бил изненаден што неговата посета не била откажана поради нарушеното здравје на кралицата. Тој бил еден од ретките гости на Балморал каде што почина кралицата, бидејќи бројот на посетители бил намален поради страв да не се измори кралицата.

Тој изјавил дека во текот на трите ноќи додека бил таму, ја посетиле шест лица, меѓу кои и војвотката од Единбург, Тимоти Лоренс и Џон Ворен, кој ги тренирал коњите на кралицата.

Фото: Danny Lawson / PA Images / Profimedia

За време на неговите разговори со кралицата, чиј погреб го следеше целиот свет, кралицата зборувала за својата вера и нејзината љубов кон Шкотска и Балморал.

„Во еден момент од нашиот разговор, таа отиде до прозорецот и рече ‘Кој не би сакал да биде тука’. Таа беше на многу тивко, приватно место за неа. Таа беше мирна“, рече тој и додаде: „Кога таа умре, мислев на нејзината мајка и како таа исто така зборуваше за нејзината вера непосредно пред да умре, иако претходно не го сторила тоа. Се прашувам дали луѓето се подготвуваат, дури и потсвесно, за крајот. Исто така, многу е вообичаено кога луѓето умираат да размислуваат за своите родители, како што беше случајот со кралицата“.

Кралицата Елизабета својот живот и должности како кралица отсекогаш ги разгледувала низ призмата на нејзината христијанска вера и се чини дека верата ѝ останала неприкосновена до крај.

Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia

Нејзината вера била силна, и на најдобар можен начин, едноставна вера, обликувана со одење во црква секоја недела, пеење химни, заедничка молитва и читање на Библијата.
Еден од нејзините најскапоцени работи била книгата со молитви, специјално составена за неа од Џефри Фишер, тогашниот надбискуп од Кентербери, за да ѝ помогне да се подготви за нејзиното крунисување во 1953 година.

Д-р Гриншилдс, кој се повлече од функцијата модератор во мај, ја одржа проповедта на Денот на благодарноста за животот на Елизабета Втора во катедралата Свети Гилс, Единбург, на 11 септември минатата година и присуствуваше на нејзиниот погреб во Вестминстерската опатија.

Почина кралицата Елизабета Втора

Лондон е подготвен за погребот на кралицата Елизабета, вели градоначалникот Кан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот