НА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ЧЕ ГЕВАРА: Пет работи кои не сте ги знаеле за најпознатиот светски бунтовник – Слободен печат
ВестиПланета

НА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ЧЕ ГЕВАРА: Пет работи кои не сте ги знаеле за најпознатиот светски бунтовник

Денес се навршуваат 52 години од смртта на светски познатиот социјалист и марксистички револуционер Ернесто Че Гевара.

Ернесто Че Гевара се смета за еден од најневообичаените и контроверзни револуционери на 20-тиот век, човек кој е ликот на кубанската Револуција и герилското војување. Роден е во Аргентина, а откако тргнал на пат низ Јужна Америка со мотоцикл, се заинтересирал за политиката во Куба.

Че бил поттикнат од поезијата и гладта која ја гледал околу себе. На 10. декември 1953 година, Че Гевара испратил писмо до неговата тетка Беатриз. Во писмото пишувало дека се заколнал во фотографија на починатиот лидер на Советскиот Сојуз Јосиф Сталин дека „нема да мирува се додека не ги уништи капиталистичките октоподи“.

Во 1953 година, тој отпатувал во Гватемала, на местото каде и започнала револуцијата.

Денес, на 52 години по неговата егзекуција спроведена од страна на Армијата на Боливија со поддршка од САД, „Free Press Journal“ објави листа од пет најинтересни работи за најпознатиот светски бунтовник.

Обожувал поезија

Поради хроничната астма, Че Гевара своето образование и едукација ги започнал во својот дом. Во детството, тој се запознал со поезијата и набрзо целосно се вљубил во неа. Тој ги читал авторите Волт Витман и Џон Китс. Во моментот кога бил егзекутиран, со себе имал книга која сам ја составил, а содржела песни на чилеанскиот поет Пабло Неруда, Перуанецот Цезар Ваљехо и кубанскиот поет Николас Гиљен.

„Свињата“

Врсниците во детството го нарекле „Chancho” (свиња на шапански). Тој бил критикуван и задеван од пријателите поради фактот што слабо се грижел за себе и не одржувал лична хигиена. Че Гевара, според некои историски записи, имал „неделна маичка“ – маица која ја менувал еднаш неделно.

Голема бубалица

Ернесто Че Гевара покрај поезијата, бил голем вљубеник во шахот и учествувал на најразлични локални натпревари. Омилени училишни предмети му биле математика и иженерство. Згора, тој одреден дел од животот бил и лекар, во периодот пред да започне со револуционерните дејствија.

„Че“ значи пријателе или другару

Зборот „че“ во Аргентина се користи како колоквијализам при секојдневото зборување. Слично како кога велиме пријателе, другар и брате во неформалните разговори. Ернест Гевара го добил името Ернест Че Гевара поради тоа што многу често го користел овој колоквијализам додека бил во Куба.

Татко на пет деца

Во периодот меѓу 1956 и 1965 година, Че имал пет деца со две жени. Неговото прва ќерка  Хилда Гадеа е родена во Мексико Сити на 15 февруари 1965 година. Втората жена на Гевара, Алеида Марч, која и самата била дел од револуцијата, има објавено и книга со насловот „Сеќавање на Че: Мојот живот со Че Гевара“ во 2012 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close