На денешен ден пред 29 години почина македонскиот естраден уметник и голем хуманист Стево Теодосиевски
Познатиот македонски естраден уметник, музички педагог и голем хуманист Стево Теодосиевски е роден на 16 април 1924 во Кочани. На почетокот на 50-тите години работел како корепетитор на програмата на Радио Скопје.
Препорачано
Во 1954 година ја запознал Есма Реџепова која подоцна му станала животна сопатничка. Во периодот од 1960 до 1989 година Стево и Есма Теодосиевски живееле и работеле во Белград, а потоа се вратиле во Скопје. Тие посвоиле 47 деца кои биле израснати и воспитани во традиционален дух достојно да ги наследат своите родители.
Ансамблот „Теодосиевски“ одржал повеќе од 20.000 концерти, од кои околу 2.000 хуманитарни, издал 108 сингл плочи, 20 плочи, 32 аудиокасети, 15 компакт дискови, 6 видеокасети, имаат снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ.
Стево бил добитник на многу награди и признанија меѓу кои: Октомвриска награда на Југославија, сребрен и златен медал од Претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, сребрен медал од Црвениот крст на Црна Гора, златен медал за хуманист во Босна и Херцеговина, златен медал на Црвен крст на Југославија, награда на УНИЦЕФ на Југославија, награда за животно дело на Србија и Црна Гора, Златен медал „22 декември“, Југославија, во 1992 г. наградата на град Скопје „13 Ноември“ од областа на културата и уметноста.
Стево почина во Скопје на 9 април 1997 година.
ВИДЕОРЕПОРТАЖА | Дрвениот крст од погребот на Стево – нем сведок на желбите на Есма


