На денешен ден – 6 април: Родена е Блага Петреска, македонска пејачка на македонски изворни и новокомпонирани песни
1667 – Во земјотрес загинале три четвртини од населението на Дубровник, а поголемиот дел од градот бил уништен. По оваа трагедија Дубровник никогаш повеќе не успеал да ја врати старата слава бидејќи обемот на трговските работи што градот тогаш ги имал, никогаш не бил остварен.
Препорачано
1946 – Роден е Иван Бекјарев, српски филмски и театарски глумец со македонско потекло.
Родителите на Бекјарев потекнуваат од Македонија. Татко му Георги пред Втората светска војна дошол во Белград, а мајка му Радмила (со потекло од Гевгелија) во Белград дошла во 1945 година. Првата улога во филм ја одиграл 1967 година, во филмот „Боксерите одат во рај“, каде што главната улога ја толкувал Мија Алексиќ. Славата ја стекнал со улогата Вујковиќ во ТВ-серијата „Бањица“ (1984) и Стевица Курчубиќ во ТВ-серијата „Подобар живот“ (1987, 1990). Долги години Бекјарев се занимава со педагошки ред, како редовен професор на глума на Академијата на уметностите БК каде што е 2001 избиран како вонреден и во 2006 година како редовен професор. Неговите студенти биле Милан Калиниќ, Ива Штрљиќ, Александра Балмазовиќ, Данијел Николиќ. Почина на 16 ноември 2020 година во Белград.
1947 – Родена е Блага Петреска, македонска пејачка на македонски изворни и новокомпонирани песни. Завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје. Ја играла насловната улога во драмата „Коштана“ заедно со Петре Прличко. Првите снимки како изведувач ги направила со оркестарот на Кочо Петровски. За РТБ, а подоцна за повеќе македонски издавачки куќи, снимила голем број плочи, цедеа и други носачи на звук со разни оркестри и групи.


