На Бојан Јовановски му прснал чир, се наоѓа во стабилна состојба

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, кој вчера беше итно опериран во Клиниката за хируршки болести, „Свети Наум Охридски“, всушност имал прснат чир.

Тој од притвор во затворот Шутка беше однесен во болница и потоа веднаш опериран.

-Бојан Јовановски имал прснат чир и направена му е операција. Неговата состојба засега е стабилна и не сакам да навлегувам во шпекулации дали ќе добиел сепса или не“, вели за „Фокус“ докторот Љубен Арсенков од „Св. Наум Охридски“.

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски пак, во изјава за „А1он“ истакна дека неговиот клиент бил опериран бидејќи имал дупка во желудникот, поради што му била испумпувана течност од стомачната шуплина, а не запаление на желудникот како што гласеа првичните информации.

Јовановски и за време на рочиштата за предметот „Рекет“ често пати се жалеше на сериозни здравствени проблеми. Како првообвинет во случајот, Боки 13 е осуден на казна затвор во траење од девет години.

Сашо Дуковски, адвокатот на првоосудениот во аферата „Рекет“ Бојан Јовановски пресудата ја оцени како брутална и очекувана.

– Знаевме дека ќе биде ваква брутална казна. Најмалку се заснова на докази- такви нема. Вие бевте сведоци дека нема изготвено вештачење, а судот во образложението се повикуваше на докази, а нејасно е на какви. Нашата борба не завршува тука – изјави своевремено Дуковски.

По објавување на пресудата, тој, преку својот адвокат Сашо Дуковски, поднесе кривични пријави во скопското Обвинителство за најмалку 30 лица за кои тврдеше дека се поврзани со случаите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, а се однесуваат на злоупотреба на службената положба, измама, итн.

Пренесен во Градска болница: Боки 13 на неодложна операција поради воспаление на желудникот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот