Пренесен во Градска болница: Боки 13 на неодложна операција поради воспаление на желудникот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Бојан Јовановски, алијас Боки 13, денеска бил итно пренесен на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (поранешна Градска болница во Скопје), објави вечерва Фактор.

Причина, според болнички извори како што се наведува во веста, е силно воспаление на желудникот поради што ќе биде подложен на хируршки зафат.

Јовановски и за време на рочиштата за предметот „Рекет“ често пати се жалеше на сериозни здравствени проблеми. Како првообвинет во случајот, Боки 13 е осуден на казна затвор во траење од девет години.

По објавување на пресудата, тој, преку својот адвокат Сашо Дуковски, поднесе кривични пријави во скопското Обвинителство за најмалку 30 лица за кои тврдеше дека се поврзани со случаите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, а се однесуваат на злоупотреба на службената положба, измама, итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот