Колеги соработници
Фото: Pexels/fauxels

На Америка ѝ недостасуваат дури 800.000 работници!

Иако официјалната статистика за невработеност во Соединетите Американски Држави не покажува алармантна ситуација, аналитичарите предупредуваат дека под површината се крие сериозен проблем. Според аналитичарката Кели Кокс, во последните три месеци бројот на Американци во работоспособна возраст кои се вработени или активно бараат работа се намалил за дури 800.000. Ова е прв пат од 2011 година работната сила да стагнира три месеци по ред.

Намалувањето на бројот на лица во работоспособна возраст е обично карактеристично за периоди на длабока криза, но тоа се случува сега додека стапката на невработеност сè уште изгледа релативно стабилна. Ова создава лажна слика за состојбата на економијата. Помалку работници на долг рок значи помал економски раст, пониски даночни приходи и помала продуктивност.

Проблеми се јавуваат и во односот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот. Кога понудата на работна сила опаѓа, работодавците се борат да ги пополнат работните места, што на прв поглед изгледа добро за работниците, но на долг рок може да го забави растот на фирмите и целата економија.

Кели Кокс и други аналитичари наведуваат неколку клучни причини за намалувањето на бројот на вработени, намалување на имиграцијата: Во последната година има пад на имиграцијата за дури 90%, а имигрантите се клучен извор на работна сила со децении.

Кокс предупредува дека оваа ситуација не е лесна за решавање и може да доведе до стагнација на американската економија ако трендот продолжи. Губењето на секој работник значи губење на потрошувачите и даночните обврзници, а решенијата во моментов не се на повидок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот