На 98 години: Воен ветеран освоил речиси 800.000 евра на лотарија

Фото: Фејсбук/„People's Postcode Lottery“

Воен ветеран стана најстариот добитник на лотото „People’s Postcode“ во историјата. Имено, Бернард Ботинг од приморскиот англиски град Барнам-он-Си освои 685.000 фунти (нешто помалку од 800.000 евра) на 98-годишна возраст.

Бернард, кој се приклучил на морнарицата на 17-годишна возраст во средината на Втората светска војна, добил три чекови од 228.571 фунти откако купил три билети. Победата на лотаријата ја прославила со семејството.

„Никогаш не мислев дека ќе добијам нешто, само се надевав“, рекол пензионерот и додал дека сите членови на неговото семејство ќе добијат дел од наградата.

Бернард почнал да игра лото со неговата покојна сопруга Дорис, која починала на 93-годишна возраст, во 2017 година.

Тој ѝ ветил дека ако некогаш победи, ќе ја подели вкупната добивка со семејството, но за „Би-би-си“ изјавил: „Мојата ќерка ќе добие најмногу затоа што беше фантастична. Таа се грижеше за мене откако мојата сопруга почина и се грижеше за мене секој ден.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот