Фото: Инстаграм/ Џони Руфо

На 35-годишна возраст: Познат австралиски пејач почина од рак на мозокот

Австралискиот пејач и актер Џони Руфо почина на 35-годишна возраст.

Долго боледувал од рак на мозокот. Неговото семејство денеска ја соопшти тажната вест.

“Со тешко срце моравме да се збогуваме со нашиот сакан Џони денес. Опкружен со својата партнерка и семејството, тој почина мирно со поддршката на неверојатни медицински сестри и лекари. Беше многу талентирано, шармантно и понекогаш дрско момче. Џони беше многу одлучен и имаше силна волја. Се бореше до крај и се бореше колку што можеше. Таквата убава душа имаше уште многу да даде. Сите те сакаме, Џони, и ќе те паметиме по радоста што ја донесе во нашите животи“, објави семејството на неговиот Инстаграм профил.

Фото: Инстаграм/ Џони Руфо

Џони Руфо е роден во Перт, се прослави во „Икс Фактор“ 2021. Пред шест години изјави дека му бил дијагностициран тумор на мозокот и дека бил опериран. Тој тогаш објави дека има рак на мозокот и дека ќе биде подложен на поагресивен третман.

Во август минатата година изјави дека е во терминална фаза на рак. Својата борба ја откри во книгата „No Finish Line“, а последен пат објави на Инстаграм во јуни. Неговото семејство и девојка му биле огромна поддршка.

Фото: Инстаграм/ Џони Руфо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот