На 1 март: Каролина Гочева ќе одржи концерт пред скопската публика

Фото: Промо

Македонската пејачка Каролина Гочева ќе одржи концерт во скопскиот клуб „Пјур“ на 1 март, објави „Авалон продукција“.

Датумот на концертот е симболично избран, поради нејзината песна „1 март“.

„Први март отсекогаш бил наш ден, редно е да го прославиме заедно“, вели Гочева.

„Први март одамна е празник во Македонија. Го викаат денот на Каролина… А, ние секогаш ги знаевме вашите желби, уште пред да ги помислите. Поради тоа, после толку време, со обострана желба за заемна дружба, решивме конечно да организираме дружење со Каролина и нејзините фанови токму на први март и во форма на двочасовно патување во ноќниот клуб ‘Пјур’ – местото кое изминатиов период ги угости Џибони, Бајага, Прљаво Казалиште, помеѓу останатите“, велат од продукција „Авалон“.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (7. февруари), во 9 часот наутро, онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот