фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

МЗТ се засили со тројца американски кошаркари, тренерот Атанасов доби нов договор

Актуелниот македонски шампион во кошарка, МЗТ Скопје Аеродром го продолжи договорот со првиот тренер Васко Атанасов, кој и во новата сезона ќе го води тимот. Дел од стручниот штаб ќе останат и неговите помошници Дејан Србиновски и Тино Даневски, како и Филип Босилков, кој ќе се грижи за кондициската подготвеност.

Атанасов ја презеде функцијата прв тренер во финишот на сезоната 2022/23, од кога оствари резултати кои го вбројуваат меѓу најуспешните стратези во историјата на клубот – три шампионски титули (2023, 2024, 2025), како и по два пати освоени Купот на Македонија (2024, 2025) и Суперкупот (2023, 2024).

Воедно МЗТ објави нови засилувања, во новата сезона дресот ќе го носат тројца американски кошаркари, Грегори Џонсон, Елајџа Мекејден и Чарлс „Ел-Џи“ Гил.

фото: mztskopjeaerodrom.mk

Улогата на ниско крило ќе му биде препуштена на Џонсон (25 год, 196 см), кој до пред минатата сезона настапуваше за Истерн Њу Мексико универзитетот, додека во минатиот шампионат беше дел од австрискиот прволигаш Грац. На позицијата „два“, или популарно како бек-шутер ќе настапува Мекејден (25 год, 192 см), зад кого се две европски сезони. По завршување на универзитетската кариера во дресот на Мемфис тајгерс, тој се пресели во Португалија каде што прво играше за Портимоненсе, а потоа и за Бареиро. Вториот дел од минатата сезона, пак, го мина во полскиот првенство настапувајќи за ПГЕ Старгард.

Американската тројка ја комплетира Гил (30 год, 203 см), кој игра на двете центарски позиции и кој е убедливо најискусен од претходните две засилувања. По четирите години во НЦАА, три сезони бешедел од Џи лигата, која е развојно натпреварување на НБА. Играше и во Косово за тимот на Голден Игл Или, а минатата сезона ги бранеше боите на кипарскиот прволигаш Лимасол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот